Каде e најевтино да се патува?

131

Британската Starling Bank анализираше вкупно 35 светски градови, споредувајќи цени на хотели, храна, јавен транспорт и познати атракции, за да ги утврди просечните трошоци на еден турист.

Според анализата, најевтини градови во светот се:

Делхи, Индија

Да се помине еден ден во главниот град на Индија чини 35,56 долари. Јадење во добар ресторан би чинело околу 8,61, а за возење со јавен транспорт ќе платите 89 центи.

Каиро, Египет

Дневните давачки за еден турист во Каиро се 36,82 долари. Престој во хотел чини 18,17 долари, додека за луксузно јадење би потрошиле 8,59 долари. Ако сакате да се возите низ центарот со автобус треба да одвоите 60-тина центи.

Истанбул, Турција

На листата најевтини градови се најде и Истанбул, каде цената за еден поминат ден во метрополата е 44,74 долари. Еден ручек (ќебапи) заедно со десерт (баклава) чини околу 16 долари.

Куала Лумпур, Малезија

Една од најпопуларните дестинации е Куала Лумпур, а една од причините е што градот е прилично евтин за странски туристи. Еден поминат ден во ова егзотично место во просек чини околу 50,80 долари, а за ручек или вечера треба да одвоите 11 долари.

Пекинг, Кина

Пекинг е петтиот најевтин град во светот за туристи, со просечна цена за еднодневен престој од 52,64 долари. За посета на најпознатите атракции во метрополата треба да се одвојат осум долари, додека цената за возење со метро е 50 центи.

Спротивно на нив, најскапи градови за посета според Starling, се Њујорк со “дневна цена“ од 226 долари дневно. Втор е Лос Анџелес со цена од 217 долари, на трето место е Лондон каде се потребни 206 долари на ден. На овие три метрополи како најскапи се приклучуваат и Мајами заедно со Пунта Кана во Доминиканската Република.

Фото: Pexels