Кои се 25-те “најхрабри“ инвеститори во Европа?

115

Магазинот Forbes во соработка со TrueBridge Capital Partners состави листа од 25 инвеститори од Европа и Израел кои вложуваат во старт – ап компании.

При оценувањето, земени се предвид нивните перформанси, дали компаниите во коишто инвестирале успеале да соберат над 200 милиони долари или пак преку иницијална јавна понуда добиле повеќе од 100 милиони долари…

Прв на таканаречената Midas листата, втора година по ред, е Јан Хамер. Тој има инвестиции во повеќе fintech компании. Голем број компании одбиле да инвестираат во стартапот Robinhood што се занимава со виртуелна реалност. Но, по неговата инвестиција, компанијата успеа да достигне вредност од седум милијарди долари.

Втора е Сонали Де Рајкер, којашто се најде на листата благодарение на инвестиција во Spotify.

Дени Ример е на трето место на оваа листа поради инвестиции во познати стартапи и еднорог компании. На пример, стартапот Glossier го доби статусот еднорог, додека голем број компании во коишто инвестираше достигнаа голема вредност.

Фото: Pixabay