Новогодишната атмосфера нема да биде целосна без убаво украсена елка со украси, лампиони и сијалички.
Како најголем извозник на сијалички за новогодишни елки се јавува Кина, чиј извоз достигнува вредност од околу една милијарда долари. По нејзе, следуваат: Камбоџа (41 милион долари), Холандија (39,9 милиони долари), Филипини (16 милиони долари) и Германија (15,7 милиони долари).
Според податоците на Observatory of economic complexity, како најголеми увозници на сијалички за новогодишна елка се: САД (500 милиони долари), Велика Британија (100 милиони долари), Германија (90,6 милиони долари), Холандија (82,7 милиони долари) и Мексико (47,3 милиони долари).
Фото: Pexels