Златно Тркало – нов национален избор за најпосакуван автомобил

50

Златно Тркало е нов уникатен избор за автомобил, којшто наместо пред неколку, на гласање ги става финалистите пред сите сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да се формираат резултати според коишто ќе се види интересот на реалните љубители/ купувачи на автомобили.

Изборот е оформен на иницијатива на најстариот автомобилски медиум во Македонија – Авто Плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите, членуваат највлијателните автомобилски електронски медиуми кај нас:
Авто Плус, Car Club, Cars by Vik и RPM.mk.

Како функционира

Членовите на Н.И.Н.А. формираат листа на нови автомобилски модели презентирани на македонскиот пазар и се во продажба во период од први март до први март односно помеѓу две изложби на Салонот во Женева. Списокот е презентиран пред овластените увозници на нови возила на крајот на есента, а во взаемна комуникација, на истиот може да се најдат модели кои би пристигнале непосредно пред почетокот на гласањето. На листата за гласање ќе се најдат модели кои овластените импортери на нови автомобили ќе ги номинираат.

По прифаќањето на учеството, финалистите се распределуваат во пет категории и тоа:
– Главна награда – најпосакуван автомобил во Македонија за 2020 година,
– Најпосакуван бизнис автомобил во Македонија за 2020 година,
– Најпосакуван градски автомобил во Македонија за 2020 година,
– Најпосакуван семеен автомобил во Македонија за 2020 година и
– Најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија за 2020 година (возила со дополнителен електричен мотор и можност за движење само на струја).

Доколку во годината се појават други карактеристични модели( спортски, перформансни, луксузни итн), најмалку три од иста категорија, ќе се оформи дополнителна категорија за таа година.

На централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk ќе бидат поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел ќе стојат имињата и линковите на членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото. Секој поединечен модел ќе има минимум од еден пост, вест или клип од секој член медиум каде ќе може да се запознаете со моделот и ги прочитате мислењата од автомобилските новинари. Сите постови ќе бидат промовирани од секој медиум – член на Изборот во периодот пред и за време на гласањето.

На 15-ти февруари, ќе биде најавено и овозможено гласање на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk коешто ќе трае до 28-ми. Секако, повикот за гласање интензивно ќе биде промовиран/ рекламиран преку сите социјални мрежи и веб страници, а ќе имате можност (треба) да го дадете вашиот глас за вашиот фаворит во сите пет категории. Победниците ќе бидат објавени на први март. На крајот на месецот Изборот ќе организира гала настан каде ќе бидат презентирани победниците и доделени престижните статуетки Златно тркало. Авто Плус за 10 верни читатели и гласачи ќе обезбеди карти за настанот.

Очекувајте во месеците што следат да ве повикаме да се запознаете со финалистите на некои од нашите промо дружења, каде ќе можете да го дадете вашето мислење и слушнете нашето.

Преземено од Avoplus.mk