Затворени 17 објекти поради неиздавање фискални сметки во тетовско

48

getImageThumbnailВо Тетово и Гостивар се затворени 17 објекти поради неиздавање фискални сметки и изречена им е парична казна од 3.250 евра во денарска противвредност.

Управата за јавни приходи при спроведената контрола во 35 објекти во регионот утврдила неправилности во работењето. Девет од објектите воопшто не биле регистрирани за даночни цели.

Тие се упатени на едукација во УЈП и имаат обврска во рок од 5 дена да се регистрираат. Во спротивно ќе се соочат со парични казни и затворање на објектите.