Детали за компаниите што “тежат“ над илјада милијарди долари

66

Apple, Microsoft, Amazon и Alphabet веќе сите добро знаеме дека се меѓу највредните и најмоќните компании во светот. Овој пат, порталот Howmuch.net ги анализира нивните клучни параметри: број на вработени, приходи, профит и профит по вработен.

Apple

Пазарната капитализација на овој ИТ гигант е 1,4 илјади милијарди долари

Во Apple работат 104.000 луѓе

Вкупните приходи на компанијата достигнуваат 266 милијарди долари

Профитот е на ниво од 59,5 милијарди

Секој вработен на Apple му носи профит од 435.000 долари.

Microsoft

Пазарната капитализација на компанијата, на чие чело е Сатја Надела, е 1,28 илјади милијарди долари

Microsoft е работно место на 144.000 луѓе

Приходите на компанијата, чиј основач е Бил Гејтс, се позиционираа на 110 милијарди долари

Профитот што го инкасира Microsoft е 16,6 милијарди долари

Профитот по вработен тука е проценет на 115.000 долари

Alphabet

Пазарната вредност на компанијата во чија сопственост е Google надминува илјада милијарди долари.

Во Alphabet има вкупно 114.000 работници

Приходите на компанијата, што ја раководи Сундар Пичаи, се во висина од 137 милијарди долари

Профитот е 30,7 милијарди долари

А по број на вработени е 269.000 долари.

Amazon

Пазарната вредност на најголемиот онлајн трговец во светот е близу илјада милијарди долари, попрецизно 0,93 милијарди долари.

Џеф Безос, инаку најбогатиот човек на планетата, е работодавач на 648.500 луѓе

Неговата компанија има приходи од 233 милијарди долари

Билансот на успех на Amazon покажува позитивен финансиски резултат од над 10 милијарди долари

Секој вработен во Amazon на компанијата ѝ носи профит од 16.000 долари

Фото: Pexels