Силен удар врз туристичкиот сектор во Кина

73

Како расте загриженоста од ширење на корона вирусот, така се зголемуваат последиците врз туристичкиот сектор во Кина, пишува ВВС.

Иако се очекуваше над 400 милиони Кинези да патуваат поради Лунарната Нова Година, што започнува денеска, сепак тоа нема да се случи. Инаку ова е еден од најраздвижените периоди во текот на годината во Кина, па порано им ало големи гужви на аеродромите, букираност на хотелите и туристичките атракции во земјата.

Но, летовите и резервациите за хотелите се откажани поради забрана за патување, поради страв од ширење на вирусот. Од таа причина, луѓето остануваат дома.

Вирусот, како што покажуваат податоците, досега однесе 25 човечки животи.

Туризмот е значајна дејност за кинеската економија и се проценува дека учествува со 11% во вкупната вредност на бруто домашниот производ на земјата, а вработува или ангажира околу 28 милиони луѓе.

Во 2018-та година, 62,9 милиони туристи ја посетиле Кина, со што оваа земја е четврта најпосетувана дестинација во светот, веднаш зад Франција, Шпанија и САД.

Фото: Pexels