Колку пари трошите за јадење на работа?

165

Вработените најмалку осум часа од своето време го поминуваат надвор од својот дом, а треба и да јадат. Најчесто луѓето за појадок одбираат печиво, но тоа не е толку евтино како што ни се чини.

Направивме пресметка колку еден работник троши за појадок. Појдовме од најевтината варијанта. За комбинацијата од еден ѓеврек и чаша јогурт од 180 грама дневно издвојуваме 40 денари, неделно 200 денари, а месечно ако работната недела трае пет дена 800 денари. Секако, износот расте доколку во пекарата одберете поинакво (поскапо) печиво.

Доаѓа и времето за ручек, па повторно сте “осудени“ нешто да изберете нешто да јадете. Изборот може да се сведе на некој сендвич којшто отприлика чини од 100 до 150 денари, некоја здрава салата по отприлика иста цена или повторно нешто од пекара. Овој пат ќе треба да издвоите поголема сума. Ако јадете сендвич или салата неделно ќе ве чини околу 750 денари, а месечно 3.000 денари.

Освен што оваа исхрана е еднолична, не е добра за здравјето ако се консумира секој ден. Секако не заборавајте на варијантата за понесување на храна од дома и овошје.

Фото: Pixabay