Најбогатиот човек на светот стана побогат за уште 12,8 милијарди долари

142

Основачот на Amazon, Џеф Безос, ја “зацементира“ својата позиција како најбогат човек на планетата, откако компанијата оствари силни резултати во текот на празничната сезона, пишува Forbes.

Компанијата соопштува за двоцифрен раст на приходите, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Според тоа, богатството на Безос е зголеми за 12,8 милијарди долари и сега располага со 128,9 милијарди долари. Тој во последните неколку месеци ги заменуваше местата со основачот на Microsoft, Бил Гејтс кој “тежи 110,8 милијарди долари и со сопственикот на луксузната групација LVМH, Бернард Арно кој има сметка од 105,2 милијарди долари.

Со солидната продажба за време на новогодишните празници, пазарната вредност на Amazon ќе надмине илјада милијарда долари.

Фото: Pixabay