Потврдата за почетокот на производството на Model Y пристигна како резултат на објавата на Tesla за работењето во последниот квартал од 2019 година.
Кога Tesla по прв пат го покажа Model Y како прототип кон почетокот на претходната година, беше јасно дека Y ќе се појави пред крајот на 2020 година, за во октомври 2019 година овој автомобил да биде најавен за летото 2020 година. Остана нејасно како Tesla успеа во толку краток рок така брзо да започне со производството на моделот, со оглед на тоа дека американската компанија има лоша репутација околу доцнењето со производството на новите модели.
Првиот човек на Tesla, Илон Маск изјави дека само одреден број од овој автомобил ќе бидат произведени, а дека производството ќе се подигнува на годишно ниво. Се очекува Model Y да се појави во фабриките во Калифорнија веќе во 2021 година, додека во Шангај ќе се прави SUV верзија.
Преземено од Avtoplus.mk