Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Гранит и Макпетрол се петте најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во јануари, покажува Месечниот статистички билтен.
Со акциите на Комерцијална банка се направени 456 трансакции и учествуваат со 31,53% во вкупниот промет. Со акциите на НЛБ Банка се реализирани 135 трансакции, што е 16,88% од вкупниот промет на официјалниот пазар. Трети се акциите на Алкалоид со 285 трансакции или 15,95% учество во вкупниот промет. Со 294 трансакции четврти се акциите на Гранит со 12,69% учество во вкупниот промет на официјалниот пазар. Петти се акциите на Макпетрол со 168 трансакции или 8,89% учество во вкупниот промет.
Најголем месечен пораст имаа акциите на: ЗК Пелагонија (72,72%), Жито Лукс (12,07%), Комерцијална банка (11,31%), Макстил (10,88%) и Алкалоид (8,55%).
Од друга страна, најголем пад забележаа акциите на: Жито Полог (-10%), Аутомакедонија (-8,26%), Цементарница Усје (-3,53%), ФЗЦ 11 Октомври Куманово (-2,91%) и РЖ Услуги (-2,86%).
Пазарната капитализација во јануари беше 190.010.447.981 денари или 2,47% повеќе во однос на декември лани. Прометот се позиционираше на 581.920.924 денари, што е за 23,98% помалку во споредба со претходниот месец. Кај вкупниот број на трансакции (1.812) има месечен пораст од 2,49%. Индексот МБИ10 во јануари се позиционираше на 4.919,86 поени или 5,83% повеќе во однос на претходниот месец.
Фото: Pexels