Оваа недела скок на прометот и бројот на трансакции на Македонска берза

67

Вкупниот промет на Македонска берза, во периодот од трети до седми февруари оваа година, се позиционираше на 2.513.639 евра што е скок за 40,57% во споредба со претходната недела, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Во истиот период, кај вкупниот број на трансакции (485) има пораст за 58,50%. Пазарната капитализација достигна 3.371.502.636 евра, односно 0,90% повеќе во споредба со претходната недела.

Топ петте акции што беа најмногу тргувани во текот на изминатите пет дена се оние на: Комерцијална банка, Алкалод, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит.

Вредноста на индексот МБИ10 на седми овој месец достигна 4.931,65 поени, а пазарната капитализација истиот ден беше 1.991.340.607 евра.

Фото: Pexels