Германски трговци тестираат кеси што се јадат, направени од овошје, зеленчук, семки

100

Германските трговци на мало Edeka и Rewe неодамна започнаа со тестирање на кеси коишто се јадат, со цел да ја намалат количината на пластика во своите маркети.

Овие два трговски ланци до новото решение дошле одделно во соработка со меѓународни компании коишто се занимаваат со правење ваков вид на кеси. Имено, сите производи се наоѓаат во специјални пакети коишто се транспортираат во тенки, заштитни кеси за јадење.

Заштитните кеси на Edeka ги прави американската компанија Apeel Sciences, а оние кои пробале од кесите што се јадат истакнуваат дека се вкусни. Кесите се направени од овошје и зеленчук, семки и природни лушпи.

Оваа кеса не дозволува губење на водата, распаѓање и овозможува храната да остане свежа. Најновите кеси се наоѓаат во избрани продавници.

Rewe, исто така, започна со тестирање на вакви кеси коишто се направени од природен шеќер, каши и разни растителни масла, коишто ги произведува британската компанија AgriCoat NatureSeal.

Фото: Pixabay