Кукли за социјална дистанца во ресторан

87

Угостителите понесоа огромен товар поради пандемијата, па беа принудени да ги затворат своите локали. Сега откако пандемијата се става под контрола, мора да смислуваат креативни начини како да ги привлечат гостите, но и да се погрижат за нивното здравје.

Услов за отворање на рестораните и кафулињата низ светот е нивно темелно чистење, дезинфицирање и одржување социјална дистанца меѓу гостите. Па така, Inn at Little Washington, ресторан со три Michelin ѕвезди, користи кукли облечени во стил од 40-тите години на минатиот век. Овие кукли се поставени на масите, со цел гостите да го немаат чувството на полупразен ресторан, поради потребното растојание што треба да се држи за да се спречи ширење на заразата.

И германските угостители покажаа креативност и практичност, а затоа е доказ и кафулето Café & Konditorei Rothe. Гостите носат интересни шешири со реквизит за базен (шпагета) кои се доволно долги за физички да ги одвојат од другите луѓе со кои седат.

На свој начин и ресторан во Амстердам го решавања предизвикот со социјално дистанцирање меѓу гостите. Овој ресторан направи посебни стаклени куќички за сите гости кои се физички одделени една од друга.

Фото: Instagram