Во текот на 2019 година, извозот на САД достигна вредност од 1.645 трилиони (илјади милијарди долари) на меѓународни пазари, покажуваат податоците на World’s top exports.
Околу една третина од производите и услугите произведени во САД, завршуваат на пазарите во Канада и Мексико. Инаку, Канада е најголем увозник на производи од САД со 292,4 милијарди долари. Втор најголем извозен партнер на САД е Мексико со 256,4 милијарди долари, додека на трето место се најде Кина со 106,6 милијарди долари.
Меѓу првите пет најголеми увозници на американски производи лани беа и Јапонија (74,7 милијарди долари) и Велика Британија (69,2 милијарди долари).
Фото: Freepik