Новите еко автобуси од денеска на скопските улици

256

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, преку социјалните мрежи најави дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај новите еколошки автобуси.

Кога станува збор за спецификациите, познато е дека новите автобуси на MAN се еколошки со ниско ниво на загаденост. Тоа е благодарение фактот што користат природен гас или CNG, што му беше неопходно нашиот главен град, за кој веќе има постројка во кругот на ЈСП. Новите автобуси се во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволува високите Euro 6 стандарди.

Овој MAN автобус во Германија ја поседува ознаката “Син ангел“ и е прогласен за еко-автобус за 2016 година во Европа. MAN CNG автобусите се подеднакво ефикасни како и дизел автобусите на истиот производител, со тоа што нивото на загадување е далеку, далеку помало. Сето тоа е благодарение на иновативниот тринасочeн OxyCat катализатор кој практично има неограничен век и не користи AdBlue. Моторите се шестцилиндерски со хоризонтална поставеност, поседуваат и турбо полначи и интеркулери кои испорачуваат 272 КС односно 310 КС зависно од изведбата.

Фото: Facebook