Познатото виски Johnnie Walker, чија традиција трае 200 години, наскоро ќе се продава во хартиени шишиња, пишува ВВС.
Diageo, гигант за пијалаци што е сопственик на Johnnie Walker, планира да почне со продажба на ова виски во нова еколошка амбалажа од следната година.
Иако вискито се продава во стаклени шишиња, компанијата постојано бара начин да ја намали употребата на пластика за сите брендови. Изработката на стаклени шишиња, исто така, вклучува употреба на пластика и ослободува јаглерод диоксид во атмосферата.
За изработка на шишиња од хартија, Diageo ќе соработува со компанијата Pilpex, којашто произведува амбалажи за Unilever и PepsiCo.
Новото шише на Johnnie Walker ќе биде изработено од лушпи од дрво и ќе може целосно да се рециклира, а за прв пат ќе биде претставено на пазарот следната пролет.
Фото: Twitter