Туризмот во Црна Гора “потона“ за 92%

Црна Гора на 10-ти јули имала 11.191 регистриран турист, што е само околу 8% од остварениот туристички промет истиот ден минатата година, пренесува Vijesti.me.
Податокот за пад на бројот на туристи од 92% на средината на јули покажува дека приходите од сезоната ќе бидат значително полоши од прогнозите на властите. Тие процениле дека очекуваат пад на приходот од туризмот за 40%, што би влијаело со пад на економијата од 6,8% и износот на јавниот долг на крајот на годината би достигнал 82,5% од вредноста на бруто домашниот производ.

Кога биле издадени овие прогнози, како што се наведува, Црна Гора беше корона free дестинација, бидејќи немала нови случаи на заразени, а обновување на летовите и пораст на бројот на туристи се очекуваше за почетокот на јули. Но, сега гости од земјите од регионот и од Европската унија не можат да дојдат во Црна Гора, а сите најавени летови се откажуваат.

Тамошното Министерство за туризам соопшти дека 45 до 50% од хотелите во Црна Гора не се отворени, а отворените се со капацитет од 10-тина проценти. Исто така, потврдиле и дека се откажуваат аранжмани за почетокот на август.

Црна Гора минатата година од туризам заработи околу 1,1 милијарда евра.

Фото: Freepik