Project Chaos – ултра автомобил со грчки дизајн

60

Project Chaos во моментот е развиван од страна на Спирос Панопулос, автомобилски инженер и ентузијаст, кој својот производ ќе го опише како ултра автомобил со 100-процентниот грчки дизајн којшто претставува автомобилско совршенство.

3Д печатените anadiaplasi титаниумски тркала со димензии 21/9 инчи напред и 22/13 инчи назад, се најлесните метални тркала на пазарот според производителот. Тука се и 3Д печатените керамички клипови кои можат да ги искористат 12.000 вртежи во минута и 3.000 коњски сили, што е импресивно.

Project Chaos може да се пофали и со 4.0-литарски, V10 twin-turbo мотор, проширена реалност и материјали како јаглерод, кевлар, титаниум, магнезиум кои се технолошки совршено инкорпорирани во автомобилот. Од “најбрзиот производствен автомобил во светот” може да се очекува забрзување од 0 до 100 километри за 1,8 секунди, со максимална брзина од 500 километри на час.

Преземено од Машки магазин

Фото: Spyrospanopoulos.com