ЕУ од “зелени“ обврзници може да собере 225 милијарди евра

140

Европската унија (ЕУ) би можела една третина од парите за фондот за закрепнување од коронакризата да ги покрие со издавање на “зелени“ обврзници за да ги привлече инвеститорите што се фокусираат на финансиски проекти за заштита на животната средина, смета агенцијата за кредитен рејтинг, Standard & Poor’s.

Неколку глобални инвеститорите ги поддржаа повиците на еколошките активисти да водат сметка за тоа плановите за закрепнување да бидат одржливи и да бидат во согласност со целите што се опфатени со климатскиот договор од Париз.

Агенцијата проценува дека доколку ЕУ одлучи да издаде “зелени“ обврзници, тоа ќе привлече голем број инвеститори што би можеле да вложат 225 милијарди евра или една третина од висината на фондот за закрепнување на економијата.

Досега држави ширум светот издале “зелени“ обврзници во вкупна вредност од 53 милијарди долари. Овие пари се користат за финансирање проекти што подразбираат заштита на животната средина, одржлива економија, добивање енергија од обновливи извори и слично.

Фото: Freepik