Хрватска има пад од 54% на продажба на нови возила во првата половина од годината, што ја прави да биде прва во рамки на земјите членки на Европската унија.
Според тамошните медиуми, главна причина за овој пад е намалената побарувачка од рент – а кар компаниите.
На хрватскиот пазар бројот на регистрации на нови автомобили се намали за 54,4% во однос на првото полугодие од минатата година. Шпанија е на второ место со пад од 50,9%, а додека треба е Португалија со намалување од 49,6%. За над 40% е намалена продажбата на нови возила во Италија (46,1%), Бугарија (44,5%) и Грција (44,2%), додека просекот на ниво на сите земји членки на ЕУ е 38,1%.
Податоците покажуваат дека пазарот најмногу се намали во јужноевропските и медитерански земји, а заедничка карактеристика им е големата зависност од туризмот.
Падот на прометот во туризмот ја намали побарувачката за рент – а – кар возила коишто имаат значителен удел во продажбата на нови возила во сите туристички земји. На пример, во Хрватска во првата половина од минатата година секое второ ново возило било регистрирано за потребите на рент – а – кар компании, а поради пандемијата се намали туризмот, па тоа и доведе до вакви бројки.
Во поголемиот дел од земјите членки на ЕУ, продажбата на нови возила се намали меѓу 30 и 40%, а само во осум земји членки е пониска од 30%.
Фото: Freepik