Кое е најомиленото овошје на Американците што најмногу се увезува?

147

Авокадо, банани и свежо грозје се трите најпопуларни овошја што најмногу се увезуваат во Америка. Овие три вида на овошје сочинуваат 44% од вкупниот увоз на овошја увезени во САД во текот на минатата година.

На увоз на авокадо, Америка лани потроши 2,9 милијарди долари. Потоа следуваат: банани (2,5 милијарди долари), свежо грозје (1,8 милијарди долари), свежа брусница (1,4 милијарди долари) , свежи малини, капини… (1,3 милијарди долари), свежи јагоди (871,4 милиони долари), ананас (714,4 милиони долари), лимони и лимета (691,9 милиони долари), манго (658,2 милиони долари) и лубеници (410,2 милиони долари).

Во однос на земјите од каде што САД увезуваат најмногу овошје, според податоците на World’s top exports, се: Мексико (6,9 милијарди долари), Чиле (1,8 милијарди долари), Перу (1,2 милијарди долари), Гватемала (1,1 милијарда долари) и Коста Рика (924,9 милиони долари).

Од Мексико најмногу увезува авокадо и свежи јагоди, а грозје и капини од Чиле и Перу. Бананите САД ги увезуваат од Гватемала, Еквадор, Хондурас и Колумбија.

Фото: Freepik