Намалување на прометот во трговијата на мало во јуни, во однос на истиот период лани, бележи Државниот завод за статистика.
Гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 3,3%, а реално за 7,4%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 3,8%, а реално за 3,5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 3,6%, а реално за 5,4%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 42,4%, а реално за 31,4%).
Фото: Freepik