Пандемијата не само што ги принудува луѓето да се штитат од заразата, туку им остава и простор да бидат креативни во таа намера. Па така, ресторан во Шпанија ја искористи технологијата за да го заштити својот персонал и воведе апликација виртуелен келнер.
Сите гости и туристи во шпанскиот град Коста Брава, кои ќе седнат во пицеријата Funky Pizza ќе може да нарачаат храна и да плата преку апликацијата Funky Pay.
Она што сепак останува работа на “вистинскиот“ келнер е да ја донесе нарачката до масата на гостите.
Истата апликација, освен што ја намалува изложеноста на зарази, на гостите им овозможува да ја следат својата нарачка и да знаат кога точно ќе им биде готова и сервирана на масата.
Фото: Freepik