Во јули во Хрватска се продадени 5.132 нови автомобили, што е за 17,3% помалку во однос на јули минатата година, додека од почетокот на годината се продадени 22.568 нови возила или 49,1% помалку одошто во однос на истиот период лани, пренесуваат хрватските медиуми.
Во текот на седумте месеци од оваа година во Хрватска се продадени најмногу Volkswagen возила (3.487), што е за 15,4% во вкупната продажба. На второ место се автомобилите од Skoda (3.068) и трети се Renault (2.120).
Skoda Octavia бил најпродаван модел во јули, како и во досегашниот дел од годината.
Од јануари до крајот на јули оваа година најмногу се продадени возила на бензински погон, со 56,8% од вкупната продажба. На второ место се дизел автомобилите со 8.0165 продадени автомобили, додека за хибридни се одлучиле 1.336 купувачи. Автомобили на струја купиле 123 купувачи, што е 0,5% удел во вкупната продажба.
Фото: Freepik