Европската автомобилска индустрија се најде во исклучително тешка ситуација поради пандемијата, а во Европската унија за тој период е направена загуба од 2,4 милиони возила, поради што се очекува пад во овој сектор од 25%.
Производителите на возила беа принудени да ги затворат своите производни и продажни места во ЕУ на околу 30 работни денови, поради што не се произведени и продадени повеќе од 2,4 милиони возила.
За оваа година, според очекувањата на Европското здружение на производители на автомобили, можно е автомобилската индустрија да забележи пад од 25%.
Во автомобилскиот сектор во ЕУ работат 14,6 милиони луѓе, што е 6,7% од вкупната вработеност во ЕУ.
Скоро 18 милиони возила се произведени во Европа во текот на минатата година, што е 20% од вкупното светско производство. Ширум светот се извезени 5,6 милиони возила, со што ЕУ лани оствари трговски суфицит од 74 милијарди евра.
Фото: Freepik