Најголеми производители на чоколадо

407

Во текот на минатата година се произведени 3,7 милиони тони чоколадо во рамки на земјите членки на Европската Унија (ЕУ), покажуваат податоците од европската статистика.

Германија, Италија и Франција беа најголеми производители, покривајќи скоро две третини или 64% од вкупното производство на чоколадо во 2019 година. По нив следат: Холандија (9%), Белгија и Полска (по 7%).

Според податоците, најголемите производители на чоколадо на глобално ниво се: САД; Германија, Швајцарија и Белгија. Се проценува дека сите земји од западна Европа учествуваат со околу 35% од вкупното производство на чоколадо, додека уделот на САД е 30%.

Ниту една од земјите што се големи производители на чоколадо не се и производители на какао (основна состојка за производство на чоколадо). Две третини од какаото што се користи за производство на чоколадо доаѓа од земји од западна Африка.

Фото: Freepik