
Над 52 милиони патници, вклучувајќи ги и оние кои транзитираат, се регистрирани на аеродромите во Турција, во периодот јануари – август оваа година, пренесуваат турските медиуми.
Во овие осум месеци е регистриран пад од 62,9% во споредба со јануари – август лани. Причина за овој голем пад, како што се наведува, е пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Кај домашните патници има пад од 52,35 на 32 милиони, додека кај меѓународните летови е забележан пад од 72,5% или само 19,98 милиони туристи.
На аеродромите во Турција се опслужени 672.408 авиони, вклучувајќи ги и прелетувањата, во текот на осумте месеци од оваа година, што е намалување во однос на 1,36 милиони истиот период лани.
Фото: Freepik