Ние сме во депресија, не во рецесија

131

Disney отпушта 28.000 работници, American airlines и United airlines планираат да отпуштат 31.000 работници.

Извештајот за невработеноста од минатата недела беше разочарувачки и покажа дека на САД им претстои долг пат, можеби подолг отколку што сите мислат, пишува економскиот новинар Џон Молдин за Форбс.
Преку текстот ги цитираше ставовите на економистот Дејвид Розенберг, а ги наведува и неговите забелешки за состојбата на американската економија.

“Погледнете ги овие сектори, тие имаа 32 милиони работни места пред кризата или околу една третина од работната сила во приватниот сектор и ми се чини дека половина од луѓето нема да се вратат на своите стари работни места“, рече Дејвид Розенберг.

Тој додаде дека не е сигурен колку луѓе разбираат дека забавните паркови, авиокомпаниите, хотелите и рестораните не можат да останат во деловна активност кога работат со капацитет од 50% или дури 75% кај рестораните. Од Американската стопанска комора велат дека 25% од малите бизниси се веќе затворени.

Друго истражување на Ipsos заклучи дека две третини од луѓето сè уште се нервозни кога ќе ги напуштат своите домови, а 59% велат дека имаат намера да останат “заклучени“ додека не се појават знаци дека вирусот е “целосно потиснат“.

Истражувањето на YouGov и CBS покажа дека 85% од американските домаќинства велат дека не би патувале со авион дури и ако можат.

“Поради ова, индустријата има потреба од спасување“, рече Розенберг.

Како што изјави овој економист, сите овие прегледи во основа кажуваат една работа – “вообичаената работа“ нема да се врати, а најдоброто на што луѓето можат да се надеваат е делумно закрепнување.
“Имавме вертикален пад на економијата со загуби на работни места, поголем од се што бевме сведоци од Големата депресија. Значи, иако берзата ви кажува дека ‘сè сфатила’, ве уверувам дека она со што се соочуваме во моментов е многу неизвесна економска и за жал, повеќето долгорочни ризици се негативни. Во депресија сме – не во рецесија, туку во депресија. И мислам дека динамиката на депресија е различна отколку во рецесија, бидејќи депресиите бараат промена на однесувањето. Класичните рецесии на деловниот циклус се забораваат за една година откако ќе завршат – на “раните“ од оваа ќе требаат години за да заздрави“, вели економистот.
Фото:Freepik