Не ви се допаѓа новиот Facebook? Вратете го стариот со едноставен трик

68

Ако не ви се допаѓа новиот дизајн на социјалната мрежа Facebook, постои начин да се вратите на стариот. Екстензијата наречена Old Layout ќе ви помогне во тоа.

Екстензијата функционира така што ќе го “измами“ Facebook, односно ќе го претстави вашиот компјутер дека е постара верзија од вистинската, па така стариот изглед на социјалната мрежа ќе се прилагоди на наводните спецификации на уредот.

Сè што треба да направите е да ја преземете екстензијата и тоа е тоа. Можеби ќе треба повторно да го вчитате Facebook за да ја направите промената. Екстензијата ќе ви овозможи и кога ќе посакате да се вратите на новиот дизајн.

Old Layout е достапен бесплатно и можете да го преземете за Google Chrome, Opera, Mozilla Firefox и Microsoft Edge.

Важно е да се знае дека има неколку ограничувања или недостатоци при користење на оваа екстензија. На пример, Facebook постојано ќе ви испраќа известувања дека користите стар интернет прелистувач, можеби нема да можете да пристапите до некои од карактеристиките што ги има новиот Facebook, а во одреден момент Facebook може да ја прекине поддршката за прелистувачот зад кој “се криете“.

Фото: Pixabay