FCA и PSA го открија официјалното Stellantis лого

46

Во јули, FCA и PSA најавија дека нивниот заеднички субјект по спојувањето ќе се нарекува Stellantis кој потекнува од латинскиот збор stello

Двете компании, FCA и PSA одамна најавија дека името на новата компанија која ќе настане со нивното спојување ќе се нарекува Stellantis, а дури го објавија и првичното лого, но истакнаа дека комплетното ќе пристигне во иднина. Пет месеци подоцна, со додавање на неколку мали точки во “орбитата“ на буквата “А“ – настана официјалното и комплетно лого на четвртиот најголем производител на светот.

Со откривањето на логото, двата автомобилски гиганти направија уште еден чекор кон комплетирање на спојувањето, кое ќе се случи до крајот на првиот квартал од 2021 година. До тогаш, вообичаените процедури за затворање на постапката мора да се направата, како што е одобрување од акционерите, задоволување на законите за заштита на конкуренцијата, како и ред други регулаторни побарувања.

Логото го симболизира богатото наследство на основачките компании на Stellantis и уникатните комбинирани сили на новото портфолио на новата групација од 14 автомобилски брендови, како и раноликоста на професионална позадина на вработените кои работат во сите региони.

Заедно со името на Stellantis, визуелната репрезентација на духот на оптимизмот, енергијата и обновувањето на различната и иновативна компанија решена да биде една од новите лидери во следната ера на одржливата мобилност.

Преземено од Avtoplus.mk