Aurus – руски луксузен автомобил што чини околу 300.000 долари

131

Производството на луксузниот автомобил Aurus Senat почна во фабрика во Татарстан, а на свеченоста преку видео линк учествувал и рускиот претседател, Владимир Путин.

Минималната цена на автомобилот ќе биде 245.000 долари, а првата серија автомобили со високи перформанси ќе чини 300.000 долари.

“Јас патувам со вакви возила и бев на возачкото место многу пати. Ова е навистина висококвалитетно возило што ги исполнува светските стандарди“, рекол Путин.

Планирано е првата испорака на автомобили да почне во јуни, а поголемиот дел од возилата се наменети за меѓународен пазар, најмногу за Блискиот исток.

“Руските компании чинат 70% од добавувачките компоненти за возилата Aurus“, рекол Путин, додавајќи дека тоа е добра шанса за да развијат нови технологии и да добијат дополнителни порачки.

Aurus е првиот руски луксузен автомобил што го дизајнираа експерти од Научно – истражувачкиот институт за автомобили и мотори.

Фото: Aurus Senat