Tesla повлекува 6.000 возила

64

Американскиот производител на електрични возила, Tesla повлекува 6.000 од своите автомобили во САД поради потенцијални проблеми со дисковите за сопирање, што може да предизвика загуба на притисок во гумите.

Се повлекуваат возилата Model 3 од серијата 2019 – 2021 и Model Y од 2020 – 2021, пренесува Ројтерс.

Во поднесокот на Tesla до американската Управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата се наведува дека компанијата не добила информации за судири и повреди поврзани со тој проблем и дека ќе ги санираат забелешките.

Фото: Pexels