Поголемиот број Германци планираат да патуваат ова лето и покрај тоа што уште трае пандемијата, покажуваат најновите истражувања.
Вкупно 64% од испитаниците рекле дека планираат патување во следните месеци. Од нив 31% рекле дека ќе патуваат во рамки на земјата, 15% од нив сакаат да одат во странство, а 18% наведуваат дека планираат одморот да го поминат и во земјата и во странство.
Околу 33% од испитаниците наведуваат дека планираат да останат дома. Оние кои не планираат велат дека една од причините за тоа е пандемијата. Вкупно 53% од нив велат дека чувствуваат несигурност и поради пандемијата не планираат да патуваат.
Една четвртина од испитаниците рекле дека не планираат да патуваат поради финансиски причини.
Истражувањето е спроведено на 1.002 лица меѓу 31-ви мај и први јуни на лица постари од 18 години.
Фото: Pexels