Германскиот производител на автомобили, Volkswagen ќе вложи 620 милиони долари во шведскиот производител на литиум јонски батерии Northvolt за да обезбеди снабдување со клучни делови за своите електрични возила.
Инвестицијата е составен дек од 2,75 милијарди долари вредно финансирање што го почна шведската компанија, а сопственичкиот удел на VW и по новата инвестиција ќе биде околу 20%.
Во 2019 година, германскиот автомобилски гигант во Northvolt вложи 900 милиони долари.
“Со оваа инвестиција го јакнеме стратешкото партнерство со Northvolt во улогата на добавувач на одржливи батерии што се произведуваат со употреба на обновливи извори на енергија и може целосно да се рециклираат“, рекол финансискиот директор на VW, Арно Антлиц.
Новиот капитал ќе биде употребен за проширување на капацитетите во производството, рециклирање и истражување и развој.
Nortvolt е прва од шест гигафабики што Volkswagen планира да ги претстави во Европа до 2030 година за да обезбеди доволно батерии и со тоа да ги зголеми шансите да го симне американски Tesla од тронот на најголем производител на електрични возила во светот.
Шведската компанија ќе почне со производство на батерии за Volkswagen во 2023-та година, а капацитетот резервиран за најголемиот европски производител на автомобили би требало со текот на времето да се зголеми.
Фото: Freepik