Просечна камата на вкупните кредити од 4,56% во мај

60

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2021 година изнесува 4,56%, со што продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување, од 0,02 процентни поени (п.п.) и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,85% и оствари пад на месечна и на годишна основа, од 0,05 п.п. и 0,25 п.п., соодветно.

Во мај, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,84%, што претставува месечно и годишно намалување од 0,25 п.п. и 0,08 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа идентичен месечен и годишен раст од 0,05 п.п., соодветно и изнесува 0,67%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, овој месец, забележа месечен пад од 0,02 п.п. и изнесува 3,68%. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на минимален раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,29 п.п.

Во мај, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,54 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,31%. Надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,61 п.п. и 0,41 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,29 п.п.). Во споредба со мај претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,40 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во мај изнесува 1,16% и во споредба со минатиот месец бележи пад од 0,03 п.п. Месечното намалување се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа намалување од 0,08 п.п.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, оствари раст од 0,09 п.п. и изнесува 0,74%. Зголемувањето во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,30 п.п.), во услови кога се намалени каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,44 п.п. и 0,07 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа раст од 0,40 п.п.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во мај забележа месечно намалување од 0,02 п.п. и се сведе на 5,35%. Анализирано според валутната структура, намалувањето во целост е резултат на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута не остварија месечна промена. Во споредба со мај 2020 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п.

Во мај, просечната каматна стапка на ново%