Ланецот ресторани за брза храна McDonald’s во Бугарија и официјално има нов сопственик, откако Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ја одобри зделката со Kingsbury Corporation.
Државниот регулатор дозволи директна контрола од страна на Kingsbury Corporation врз холандската Sunfoods Holding, која во Бугарија е застапена преку Sunfood Бугарија ДООЕЛ.
Sunfood Бугарија управува со рестораните за брза храна под брендот McDonald’s во рамките на договорот за франшиза. McDonald’s во Бугарија е присутен 19 години и работи на 36 локации во градовите Софија, Пловдив, Велико Трново, Стара Загора, Варна, Бургас, одморалиштата Златни Песоци и Сончев Брег и крај автопатите Тракија, Марица и Струма.
Комисијата ја одобри зделката бидејќи според регулаторот, таа нема да доведе до воспоставување или зајакнување на доминантна позиција, што значително би ја попречувала ефективната конкуренција на релевантниот пазар.