
Американскиот кабелски спортски канал ESPN договори зделка од 2 милијарди долари што претставува стратешки пресврт во обид да профитира од растот на секторот за спортско обложување.
Со тој договор, апликацијата Barstool Sportsbook во сопственост на Penn Entertainment ќе биде ребрендирана во ESPN Bet оваа есен како дел од 10-годишен договор.
Овој потег означува остар пресврт и за Пен, кој се бори да обезбеди пазарен удел во конкурентната американска индустрија за спортско обложување.
Апликацијата ESPN Bet ќе биде промовирана на платформите на радиодифузерот и ќе има пристап до програмите на ESPN.
ESPN склучи маркетиншки договори во 2020 година со компаниите за спортско обложување Caesars и DraftKings, вклучително и врски со сајтови за коцкање од дигиталните платформи на ESPN. Но, ESPN постепено ќе ги укине тие два договори, пишува Wall Street Journal.
ЕСПН истражува начини да го продлабочи своето присуство во спортското обложување во последните неколку години. Компанијата се спротивстави на отворањето сопствена обложувалница, имајќи предвид дека Дизни, нејзината матична компанија, има бренд тесно поврзан со семејната забава.
Спортското обложување брзо се прошири низ САД во последните пет години, генерирајќи 7,5 милијарди долари приход минатата година.











