Јужнокорејската компанија Samsung ги здружи силите со австрискиот произведувач на луксузен накит, часовници, предмети Swarovski за да создадат една поелегантно декорирана верзија на смартфонот Samsung Galaxy SIII Mini.
“Дотераната” верзија на паметниот телефон што моментално е достапна само во Германија е декорирана со повеќе од 100 кристали.
Елегантниот смартфон е обложен со вкупно 166 Swarovski кристали распоредени на задниот дел на телефонот. Освен декорацијата, перформансите на паметниот телефон остануваат исти.
Телефонот го има истиот процесор, истата RAM меморија, големина на екренот, камера, резолуција и оперативен систем како и неговата недекорирана верзија. The Galaxy SIII Crystal Edition може да се купи по цена од 299 евра.