Цената на парното во Скопје останува непроменета

Цената на топлинската енергија за граѓаните на Скопје останува иста и во наредниот период, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Со оваа одлука се продолжува примената на постојните цени за трите системи за снабдување со топлинска енергија во главниот град, без промени во однос на претходните месеци.

Бислимоски информира дека цената на топлинска енергија во Скопје ќе остане иста како и во претходните месеци од годината. Според него, се продолжи важењето на постоечките цени на трите системи во главниот град.

Како што додава, ова не е првпат РКЕ да носи одлука во месец јули. Истото се случи и во 2023 година.

Инаку со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.