Инцидент со пожар во фабриката BioCosmos

„BioCosmos & Mirana“ излезе со официјално соопштение по повод синоќешниот пожар на локацијата. Оттаму велат дека пожарот во производствениот погон на „BioCosmos“ избувнал како резултат на удар од гром.

Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,

Ве информираме дека избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.

Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.

Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.

Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали.

Со почит,
Тимот на BioCosmos & Mirana