Цементарница Усје АД Скопје со нова пречистителна станица

41

Од денеска во функција ќе биде ставена новата пречистителна станица за атмосферски води на Цементраница Усје АД Скопје. За изградба на оваа пречистителна станица инвестирани се половина милион евра.
Со нејзиното пуштање во употреба Цементарница Усје АД Скопје целосно ги исполнува обврските од оперативниот план за усогласување на А интегрираната еколошка дозвола, пред рокот кој истекува во април.