Societe Generale со загуба од 86,3%

56

Француската банка Societe Generale соопшти дека во третиот квартал забележала пад на нето профитот од дури 86,3%, на 85 милиони евра.

За лошата финансиска состојба, банката ги обвини вонредните трошоци поради дезинвестиции на 130 милиони евра за грчката филијала на Geniki и 92 милиони евра за американската подружница TCW. На профитот влијаеше и трошокот од 389 милиони евра на име ревалуација на кредитниот ризик и загуба поради продажба на некои филијали. Societe Generale, во рамките на програмата за деинвестирање, продаде имот во вредност од 16 милијарди евра од јуни 2011 година.

Банката ја задржа целта адекватноста на основниот капитал во однос на ризичната актива до крајот на 2013 година да биде 9% до 9,5%, во согласност со новите банкарски стандарди Базел III, кои целосно ќе стапат на сила кон крајот на 2018 година.