
Инфлацијата во ноември 2025 година во однос на претходниот месец е 0.5 %, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година изнесува 100.6.
Во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година:
- Стапката на инфлација е 0.5 %
- Во групата Транспорт е 1.7 %











