Четиригодишен мандат за Ралица Иванова Богоева во Надзорниот одбор на УНИБанка

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИБанка) ја извести јавноста за промена во своите управни органи.

„Ве известуваме дека Извршниот одбор на Народна банка на РСМ со Решениe бр. 15-35500/9 од 26 декември 2025 година, издаде претходна согласност за именување на Ралица Иванова Богоева за член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје“.

Според официјалната објава доставена до Македонската берза, именувањето на Богоева е со мандат од четири години.