Облачно со сончеви периоди, по котлините магла

19

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. На повисоките планини и места ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претпладне по котлините ќе има магла. Минималната температура ќе се движи од минус осум до нулата, а дневната од два до 11 степени.

Во Скопје се очекува времето да биде облачно со магла во претпладневните часови.
Температурата ќе се движи од минус четири до плус два степени.