Системите на УЈП утре попладне во прекин поради техничка надградба

Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува граѓаните и фирмите дека утре, 11 февруари (среда), ќе има привремен прекин на електронските услуги. Прекинот е планиран по 16:00 часот и се должи на техничка надградба на ИТ системите на Управата.

Од УЈП посочуваат дека недостапноста на системите се очекува да трае повеќе од еден час, односно до целосно финализирање на техничките активности. Се препорачува сите даночни обврзници навремено да ги планираат и да ги завршат своите обврски преку електронските системи пред почетокот на надградбата за да избегнат евентуални доцнења.