
Цената на златото вчера се зголеми за речиси два проценти, над 5.120 долари за унца, откако неповолните податоци од американскиот пазар на трудот за февруари ги поттикнаа стравувањата од можно економско забавување.
Тоа ги натера инвеститорите да побараат засолниште во благородниот метал, и покрај постојаните инфлациски притисоци, објави „Трејдинг економикс“.
Стапката на невработеност во американската економија се искачи на 4,4 проценти, над очекувањата за раст од 4,3 проценти, што го нагласува влошувањето на домашниот пазар на трудот по ненадејниот пад на бројот на вработени, со исклучок на земјоделците.











