До 150.000 работни места може да бидат укинати во германската металуршка индустрија

До 150.000 работни места би можеле да бидат изгубени во германската метална и електроиндустрија оваа година, предупреди  претседателот на здружението на работодавачи „Гесамметал“ Оливер Кандер, оценувајќи дека секторот се соочува со сериозна криза и процес на деиндустријализација.

Кандер, како што објави Дојче Веле, ја опиша ситуацијата во индустријата како „навистина драматична“.

„Се наоѓаме во средината на деиндустријализација и перспективите се многу мрачни“, рече тој.