Џонсон Контролс е првиот овластен економски оператор во Македонија

49

Џонсон Конролос е првата компанија која денеска од Царинската управа доби одобрение за овластен економски оператор. Одобрението значи дека компанијата ги исполнува условите за сметководствена и деловна евиденција за придржување кон даночните и царинските процедури и условите за контрола за безбедност, исто како Царинската управа, да врши контрола.
“Ова се големи стандарди и оваа компанија по сите проверки се покажа дека ги исполнува овие услови”, истакна директорот на Царинската управа Ванчо Каргов по денешното врачување на уверението на компанијата Џонсон Контролс.
Во Македонија, според Каргов, има компании кои ги исполнуваат условите за вакво одобрение, но, како што нагласи, сето тоа треба да се провери и документира.
“Не се работи само за проформа, туку уверенијата треба да бидат оправдани и потврдени. Тоа е заради нас и заради компаниите”, рече Каргов.
Одобренијата за овластен економски оператор немаат одредена важност, но подлежат на редовна ревизија, што значи дека условите од уверенијата треба перманентно да бидат исполнети.